Националната опера и балет ќе одржи детска балетска претстава насловена „Петар Пан“ на 24 март од 19 часот, која ќе има хуманитарна цел. Приходите собрани од оваа изведба ќе бидат вложени во Фондот за помош на граѓаните погодени од трагичниот настан во Кочани, соопштија од Операта. На сцената ќе настапат солисти и ансамблот на балетот на НОБ. Кореограф на претставата е Џејмс Амар од Франција, додека сценографијата ја потпишува Зоран Костовски, а костимите ги дизајнира Марија Пупучевска. Музичките репетиции ќе бидат под раководство на Дафина Данилоска-Кочевска, Саша Евтимова, Киро Павлов и Билјана Басмаџиева-Ковачевски.
The post Балетската претстава „Петар Пан“ ќе има хуманитарна цел appeared first on 365.mk.