Дваесетина членови на балетското студио Анабела изминатиов викенд се натпреваруваа на престижниот танцов натпревар „Inter dance fest“ во Сараево.
На натпреварот балетското студио Анабела се престави со 21 кореографија, од кои 16 соло, 3 групни и 2 формации во силна конкуренција.
Во Сараево членовите на Анабела се закитија со девет први места, две втори, едно трето место. Танцовите амбасадори достојно ги претставија Велес и Македонија во Босна и Херцеговина.
Претстојниот период, следуваат уште неколку натпревари за членовите на балетското студио Анабела, за кои интензивно се подготвуваат.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.