Балканците за 3 минути папсуваат во кревет: Владета Јеротиќ објасни како треба да изгледа водењето љубов

Владета Јеротиќ отворено и едноставно зборуваше за теми кои се од интерес на сите возрасти и се актуелни и денес. Неговите предавања, појавувања во телевизиски емисии и спонтани обраќања на различни места се раскажувани со денови и недели. Тој знаеше да зборува за сите да го разберат и сè да раскаже низ духовита призма.

Владета Јеротиќ често зборуваше за машко-женски односи, а зборуваше и за ситуации во спалната соба при спонтано обраќање до посетителите на Музеј на книги. Јеротиќ рече дека постојат четири типа на љубов: духовна, интелектуална, емоционална и физичка љубов. Тој исто така нагласи дека дете не може да се развие нормално ако мажот и жената трајно не се сакаат.

Од март директна авиолинија од Скопје до Амстердам
Од март ќе биде воведена директна авиолинија од Скопје до Амстердам. Аеродромот „Схипхол“ и скопскиот аеродром ќе бидат поврзани со нискобуџетната авиокомпанија „Трансавија“.Македонската и холандската престолнина се …
Обезбедувањето го спасило познатиот актер: Непознат маж упаднал во неговата палата
Обезбедувањето на Мајкл Б. Џордан повикало полиција откако непознат маж лесно упаднал во имотот на американскиот актер.Американскиот актер Мајкл Б. Џордан (37) се соочил со кражба во неговата палата …

– Прво се бунтуваме против родителите, таткото, мајката, а кога имаме деца ги правиме истите грешки. Не постојат идеални родители… Не може да биде истиот однос во брак за 20, 30 или 50 години и не треба да биде исто. Ниту еден брак не е идеален во кој се претставени сите четири компоненти, но штом едната од тие четири ќе попушти, веднаш негувајте ја другата. Секако, не го занемарувајте и физичкиот изглед. Вие жените, особено оние по 50-тата година, веќе немате хормони, постои само машкиот хормон и треба да внимавате машкиот хормон да не преовладува до тој степен што на 50 години, 60 години ќе треба да се однесувате како мажи – гласот да ви се менува, станувате погруби отколку што сте биле, сакате да командувате – изјави Владета.

Јеротиќ продолжи за жените кои имаат над 50 години.

– Иинтимните врски малку ги интересираат и не треба да биде така. Замислете маж на 50 години, полн со сила, а кога ќе има 70 години, сè уште е на свое место… Ако жената која има повеќе од 50 години го сака својот сопруг, таа излегува да го пречека, бидејќи подоцна кога ќе најде друга, помлада, тогаш се љубоморни. И добро е што се љубоморни. Имав пациентки кои не беа љубоморни, па затоа е добро што се љубоморни. Тоа е доказ дека уште го сакате мажот.

Тој ги критикуваше мажите кои често се себични и мислат само на себе во кревет

– Машкиот нагон не е исто што и женскиот. Жените имаат овулација, менструација, разликите не се мали. Мажите можат да го прават тоа секој ден. А жената има денови кога може. Која Македонка се осмелила да каже не, а тој дојде полупијан од кафеана? Тоа не сум го видел во Европа, верувајте. Швајцарија, Германија… Образована,, убава сопруга вели ,,не” а мажот не се лути. Кога Балканка ќе каже: „Главата ме боли“, нема желба за интимност – рече Јеротиќ

Тој рече и дека на жените им е потребна нежност, да им се изјави љубов, да им се посвети внимание …

– Балканците не прават ништо од тоа. Притоа, некогаш брзо оди, некогаш, три минути, тој веднаш папсува, таа едвај почнала нешто. Моите пациентки ми кажаа. Кога има нежност, а таа издржува подолго, а потоа само самиот чин, а тоа е взаемно, тогаш тоа е вистинска интимна врска. Прекрасно е кога бракот може да се постави како заеднички – објасни Јеротиќ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.