Банална причина – Полицијата уби момче со Даунов синдром: Не сакал да го спушти пиштолот-играчка

Шведската полција во центарот на Стокхолм уби момче со Даунов синдром, кој кај себе имал пиштол играчка, јавија локалните медиуми.
Полицијата отворила оган врз 20-годишниот Ерик Торел реагирајќи на „опасната ситуација“.
-Инцидентот се случил вчера откако полицијата реагирала на дојава за маж кој има пиштол, јави Би Би Си.
Полицијата побара од момчето да го предаде „оружејето“, но тој одбил по што припадниците на полицијата отвориле оган.
Семејството соопшти дека е пријавено неговото исчезнување откако после неколку часа не се вратил дома.

Мајката на Ерик, Катарина Содерберг рече дека пиштолот играчка му бил подарок, а синот го опишала како „најљубезна и најдобра личност на светот“.
Мајката рече дека момчето имало тешки ментални проблеми, и дека освен Даунов синдром боледувал и од еден вид аутизам и дека не можел правилно да зборува. Според нејзините зборови тој единствено и најчесто го користел зборот „мама“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.