Банана за почеток на денот? Нутриционистите велат „не“, а еве и зошто

Сите веќе добро знаеме дека појадокот е најважниот оброк во текот на денот, а кога се брзаме често знаеме да изедеме само една банана. Но, со тоа правиме голема грешка.
Нутриционистите наведуваат дека иако бананите се чинат како совршена опција за брз појадок, тие всушност не се. Ако се јадат сами, бананите не се најдобра опција бидејќи во себе содржат дури 25 отсто шеќер и спаѓаат во умерено кисели намирници.
Најдобар начин како да го започнете денот е со појадок кој согорува маснотии и кој исто така ќе ве направи доволно енергични и сити до следниот оброк.


Иако бананите даваат краток налет на енергија, за многу кратко ќе започнете да се чувствувате уморно и гладно. Ваквото овошје е попогодно за ужина отколку како целосен оброк бидејќи самите не се доволни за појадок.
Тоа чувство на умор и глад откако ќе изедете банана за појадок можете да го спречите со комбинирање на храна полна со здрави маснотии како авокадо. Бидејќи бананите припаѓаат во група на кисели намирници, таа киселина треба да ја неутрализирате со цел да ги добиете само добрите бенефити од овошјето како калиум, влакна и магнезиум.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.