Банкари, бизнисмени, сметководители, финансиската полиција апси

Дваесетмина бизнисмени, банкари и сметководители се приведени по денешната акција под име „Рибар“ на Управата за финансиска полиција.
Тие се осомничени дека од општинските каси на Тетово и Гостивар организирано извлекувале пари и ја оштетиле државата за над 1 милион евра.
„Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 13 лица за кривични дела даночно затајување и злоупотреба на службената положба и овластување.
Управата за финансиска полиција во кординација со скопското Основно јавно обвинителство поднесе кривични пријави против 20 физички и 15 правни лица, за сторени кривични дела: Даночно затајување, Злоупотреба на службената положба и Помагање, кои го оштетиле државниот буџетот по основ на Данок на додадена вредност, Данок на добивка и Персонален данок на доход во вкупен износ од 62.933.835 денари.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.