Банките апелираат до граѓаните да не отвoраат сомнителни СМС пораки и да не споделуваат податоци од платежните картички

Банките апелираат до граѓаните да внимаваат на обиди за злоупотреби на нивните картички. Во известувањата од банките се апелира граѓаните да не отвораат линкови од сомнителни СМС пораки и да не споделуваат податоци од картичките.

Висока загаденост на воздухот во Македонија: Во Кичево девет пати над дозволеното
Загаденоста на воздухот вечерва во Македонија е на високо ниво, покажуваат податоците од платформата на Министерството за животна средина air.moepp.gov.mk Дозволени …
Околу 80 отсто од потврдените смртни случаи во Газа се луѓе убиени во израелски напади врз станбени згради
Околу 80 отсто од потврдените смртни случаи во Газа се луѓе убиени во израелски напади врз станбени згради, објави денеска агенцијата …

Банките предупредуваат дека е забележана измамничка кампања зад која стои лажна веб-страница која се испраќа преку СМС и е-пошта пораки со цел злоупотреба на податоците од картичките.

– Заштитете ги Вашите платежни картички од можна злоупотреба и не кликајте на линк добиен преку СМС или е-пошта порака за наводна „погрешна адреса“ или „вратена пратка“. За да се заштитите од злоупотреба, воопшто не споделувајте податоци од картичката на сомнителни страни, стои во дел од соопштенијата од банките.

Оттаму укажуваат дека доколку граѓаните ги внеле податоците од нивната картичка, потребно е веднаш да се јават во контакт центарот на матичната банка за да се блокира картичката.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.