Народната банка вечерва информира дека и по прогласувањето на вонредна состојба, финансиските институции за кои таа е надлежен регулаторен и супервизорски орган – банки, штедилници, менувачници и правни субјекти коишто даваат услуга брз трансфер на пари, продолжуваат да работат и да ги извршуваат своите клучни функции, со што нивните услуги и натаму ќе бидат достапни.
-Како што веќе известивме, ние сме во постојан контакт со овие финансиски институции и тие се подготвени да ви ги овозможат нивните услуги и во вонредни околности, се наведува во соопштението од кабинетот на гувернерката на Народната банка.