Банкнотите не се особено ризични за пренесување на коронавирус

Допирањето банкноти не претставува посебен ризик од инфекција со новиот коронавирус. Тоа го изјави германскиот директор на Институтот за инфективни болести Роберт Кох.
-Пренесувањето на вирусот преку банкноти не е од особена важност, рече Лотхат Вилер.
Тој додаде дека најголем ризик се секретите на заразените лица. Неговите изјави се спротивставуваат на официјалните претставници на Светската здравствена организација, кои ги советуваат луѓето да ги мијат рацете по ракувањето со банкноти.
Германија регистрира 1.269 заразени, меѓу кои и два смртни случаи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.