Бараат да ги ослободат од притвор немале скриени банкарски сметки?

Миле Јанакиески и Кирил Божиновски бараат Апелацискиот суд да ги ослободи од притвор. На денешната јавна седница двајцата поранешни високи партиски и владини функционери ги застапуваа по четворица адвокати. Излез од Шутка прв бараше поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески. Пред судите од тетратка прочита жалба која рачно ја напишал во притвор.Посочи дека не планирал да бега, а белешката на тајната полиција со која е притворен, рече дека била фингирана. Јанакиески имал средба со претседателот Ѓорге Иванов, но на тема поврзана со политичката состојба. Белешката на УБК во која пишува дека преку посредник се барало амнестија за него, според Јанакиески, немала прецизни информации за ден и време на средбата. Екс-министерот имаше и предлог до судот.„Јас немам пасош, како би отворил тогаш сметка во странство? Доколку постои една сметка, подготвен сум уште утре да склучам спогодба со СЈО и да бидам осуден на онолку години колку што сака Специјалното обвинителство. Ако има потврда дека имам сметки во странство, ќе одам доживотно во затвор“, вели Јанакиески.Јанакиески посочи дека не сака да верува оти завршил во Шутка бидејќи Никола Груевски избегал. Но, сепак и покрај тврдењата на поранешниот министер, СЈО цврсто остана на ставот дека и двајцата мора да останат во притвор зошто планирале да избегаат. Инаку, слична одбрана во судницата имаше и Кирил Божиновски, поранешен генерален секретар на владата.Одговорно тврдам дека немам ниедна сметка во странство, само онаа во Македонија“, рече обвинетиот Кирил Божиновски.Минатата недела Миле Јанакиески и Кирил Божиновски беа однесени во Шутка со одлука на Кривичниот суд, а по барање на СЈО. Причината беше стравот од бегство. Тие завршија во ќелиите еден ден откако Никола Груевски напиша Фејсбук-статус дека е во Унгарија. Според судската пракса, Апелацискиот суда треба да донесе решение за жалбите на Јанакиески и Божиновски во следндните неколку денови.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.