Ноива де Кордеиро е село во јужниот дел на Бразил, во кое живеат само осамени жени, кои имаат потреба од мажи.
Обично девојките го напуштаат селото кога ќе стана полнолетните а мажите кои работат во околните градови навраќаат само за викендите. Поради недостаток на мажи младите жени упатиле апел, повикувајќи дека сите сакаат да се преселат во нивното село доволно мажи кои ќе ги задоволат нивните потреби.
Во селото живеат околу 600 жени, повеќето на возраст меѓу 20 и 35 години, а локалните мажи од околните градови ги опишуваат како “дами со импресивна убавина”. Сепак овие убавици нема со кого да склучат брак. Таму единствените мажи се или во брак, или нивни роднини. “Сите сме од една крв, поради што одамна не сум бакнала маж”, вели 23-годишната Нина.
Затоа девојките решиле да ги повикаат сите заинтересираните ергени да заживеат во нивното село. Но многу претставници на посилниот пол се плашат да отидат на место каде што владеат женски правила. “Живееме во хармонија. Кога нема мажи, сме многу помирни, бидејќи се обидуваме да разрешиме секој конфликт со заедничка согласност”, раскажува 49-годишната Росана.
“Но сонувам да се заљубам. Сакаме да го продолжам животот тука, а не да го напуштам селото, за да се најде маж. За тоа бараме мажи кои се подготвени да го остават нивниот живот и да станат дел од нашиот”, додаде Нина.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.