Барак Обама за брачната криза: „Бев во голем дефицит со мојата жена“

Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, Барак Обама неодамна проговори за брачната криза што ја имал со сопругата Мишел.
Имено, 63-годишниот Обама откри детали кои многумина не ги знаеле во разговор со претседателот на колеџот Хамилтон, Стивен Тепер.
„Бев во голем дефицит со сопругата. Затоа се обидував да се ископам од таа дупка правејќи забавни работи одвреме-навреме“, рече Обама, навестувајќи дека немал секогаш време да и се посвети на Мишел.
Тој претходно рече дека неговите последователни мандати на функцијата од 2009 до 2017 година влијаеле врз неговата врска со Мишел.
„Дозволете ми само да го кажам ова. Сигурно помага да се биде надвор од Белата куќа и да имам малку повеќе време со неа“, рече Барак во интервју во мај 2023 година, пофалувајќи ја Мишел што „простува“ за неговите недостатоци.
Што се однесува до 61-годишната Мишел, таа во декември 2022 година откри дека не можела да го поднесе сопругот речиси 10 години во периодот кога нивните ќерки Малија (26) и Саша (23) биле девојчиња. Потоа објаснила дека бракот никогаш не значи дека на тоа ќе работите подеднакво напорно.
За време на разговор во април 2023 година, таа рече дека отворено зборува за нејзиното партнерство „бидејќи бракот е тежок, а многу млади луѓе се откажуваат од бракот поради работи кои се само дел од секојдневниот живот“. Сепак, таа тогаш призна дека компромисот поврзан со бракот „не е секогаш забавен“.
Инаку, Барак и Мишел Обама се венчаа во октомври 1992 година, но неодамна почнаа гласини за развод, откако во јануари Барак Обама сам присуствуваше на политички настани, вклучувајќи го и погребот на поранешниот претседател Џими Картер и инаугурацијата на претседателот Трамп. Сепак, извор близок до парот тогаш изјавил дека Мишел едноставно „не сака повеќе да биде присутна на вакви настани“.

Пронајдете не на следниве мрежи: