Барањата на Иванов-пензија, канцеларија, возач и обезбедување

Вчера беше последен работен ден за претседателот Ѓорге Иванов, на кого мандатот му истекува во недела, кога функцијата треба да ја преземе новиот претседател Стево Пендаровски, избран на 5-ти мај.
Како што дознава “1ТВ“ претседателот во заминување Ѓорге Иванов до службата за општи и заеднички работи, доставил барање за изнајмување на кабинет, а добил позитивен одговор. СОРЗ дала позитивен одговор, зошто буџетот за канцеларијата изнесува 8 проценти од годишниот буџет на претседателскиот кабинет, што е во согласност со постоечкиот закон.
Сега веќе поранешниот претседател Иванов до крајот на животот ќе користи месечна пензија од околу 100.000 денари, личен возач и лично обезбедување.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.