Барање за двојазнични материјали ја одложи денешната конститутивна седница за изборното законодавство. Албанските партии барале превод на материјалите. Министерот за правда најавува нов обид следната недела.
Во изјава за медиумите Филков рече дека воопшто не влегле во материјална расправа за предлозите затоа што воопшто не дошле ниту до изгласување на дневниот ред.
И додека претставниците во работната група од македонските партии дадоа изјава за медиумите, претставниците од албанскиот блок си заминаа.
Министерот вели дека има подготвеност да се вметнат конструктивните предлози од политичките партии, но ако треба да се менуваат 30 проценти, тогаш ќе се оди на изработка на сосема нов Изборен законик.
Дел од политичките партии остануваат на барањата за една изборна единица со праг од два до три проценти, поголема одговорност во делот на финансирањето на изборните кампањи и намалување на бројот на пратеници во Собранието од 120 на 90.


