Барање за холандска суспензија на безвизниот режим со Албанија не е пристигната во Брисел

Иако Брисел е запознаен со гласањето на холандскиот Парламент за суспендирање на безвизниот режим за Албанија, до сега до Европската комисија такво барање не е пристигнато. За такво нешто има специфична процедура за механизмот за суспензија изјави портпаролката Наташа Берто.
– Се разбира, кога ќе пристигна такво барање, Европската комисија внимателно ќе го разгледа. Ќе го анализираме и ќе видиме дали е неопходно да се пристапи на линија на многу специфичната процедура преку механизмот на анализа на сите податоци, земајќи ги во предвид специфичните околности, рече Берто.
Вчера холандскиот Парламент изгласа суспензија на безвизниот режим со Албанија поради криминалните активности на албанската мафија во Холандија. Портпаролката упати на последниот извештај за спроведувањето на безвизниот режим за земјите и исполнувањето на критериумите од страна на земјите на Западен Балкан и Источното партнерство од декември 2018 година.
-Во извештајот заклучуваме дека сите земји, вклучувајќи ја и Албанија, продолжуваат да ги исполнуваат задачите, но дека има потреба од активности во специфични области, на кои треба да се работи, рече Берто.
Од Европската комисија не одговорија конкретно на прашањето за проширувањето, што ја засега Македонија, со образложение дека се работи на извештаите за напредокот, кои пролетва ќе бидат објавени.
Македонија очекува во јуни датум за почеток на преговорите, но многумина го поврзуваат во пакет со Албанија. Неизвесноста е зголемена по одлуката на Парламентот на Холандија за привремена суспензија на безвизниот режим за граѓаните на Албанија.  Противник на проширувањето е и Франција, која во јануари минатата година се закани дека ќе воведе визен режим за Албанија, откако претходно примила 7.630 барања за азил од албански државјани.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.