Барбора Крејчикова од Чешка е новата кралица на Вимблдон

Барбора Крејчикова ја освои историската прва титула на Вимблдон во нејзината кариера. Тенисерката од Чешка играше со Јасмин Паолини од Италија и победи со 6-2, 2-6, 6-4.

За Крејчикова ова е втор Грен слем трофеј, откако триумфираше на Ролан Гарос во 2021 година. Паолини годинава го одигра финалето во Париз и загуби од Ига Швионтек.

Денеска во 15 часот се игра машкото финале во Вимблдон меѓу Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз.

Пронајдете не на следниве мрежи: