Норвешкиот ски скокач, Андрес Бардал, го освои златниот медал на Светското првенство во Вал ди Фијеме.
Бардал до златниот медал на малата скокалница стигна со скоковите од 103,5 и 100 метри, со кои освои 252,6 бодови.
Сребрениот медал му припадна на лидерот во Светскиот куп, Грегор Шлиренцауер, кој имаше скокови од 98 и 97,5 метри.
Третото место му припадна на Словенецот Петер Превц, тој имаше скокови од 102,5 и 98,5 метри.
Бронзениот медал кој го освои Превц е прв поединечен медал кој Словенија го освојува на Светските првенства.
Светското првенство во нордиски дисциплини продолжува во недела, а ски скокачите ќе се натпреваруваат во тимска конкуренција.
МакфаксНорвешкиот ски скокач, Андрес Бардал, го освои златниот медал на Светското првенство во Вал ди Фијеме.