Барош се врати во Бањик

Досегашниот играч на Галатасарај, Милан Барош, се врати во татковината и во иднина ќе го носи дресот на Бањик Острава, клуб во кој ја започна кариерата.

Барош минатата недела го раскина договорот со турскиот клуб. Бањик соопшти дека Барош потпишал договор до јуни 2014 година, со опција да замине по завршувањето на сезоната доколку пронајде ангажман во странство. Чешкиот репрезентативец од Бањик замина во 2001 година, кога направи трансфер во Ливерпул, тој во 2005 година со ’црвените’ ја освои Лигата на шампиони. Во Премиер лигата, Барош настапуваше уште и за Астон Вила и Портсмут, а во кариерата го носел дресот и на францускиот Олимпик Лион. Барош во 2008 година му се приклучи на Галатасарај, за оваа екипа тој одиграл 93 натпрвевари и постигнал 48 погодоци.
Макфакс
Досегашниот играч на Галатасарај, Милан Барош, се врати во татковината и во иднина ќе го носи

Пронајдете не на следниве мрежи: