Шпанскиот великан Барселона без многу мака и со убедливи 5-0 обезбеди пласман во четвртфиналето на шпанскиот Копа дел Реј, вечерва против нисколигашот Сеута, во меч на кој најдобар меч досега одигра летното засилување Франк Кеси со гол и две асистенции.
Сеута ѝ одолеа 40 минути на каталонската гордост, пред Рафиња на асистенција на Кеси да ги начне, а во вториот дел и да ги разнесе. Роберт Левандовски пет минути во вториот дел на втора асистенција на Кеси ја дуплираше предноста, па Ансу Фати во 70-та даде трет гол после додавање на Жорди Алба, за Кеси во 77-та со гол да стави печат на својот одличен настап, а Левандовски со втор гол во 90-та да ја завери убедливата победа.