Адвокатите на Барселона упатија официјална жалба до Европската комисија сметајќи дека ПСЖ не може да го потпише Лионел Меси бидејќи финансиската состојба на францускиот клуб е полоша од онаа на Камп Ноу.
Парискиот клуб нема акумулирани долгови како Барселона која должи две милијарди евра, но кај ПСЖ проблем се високите плати и годишните приходи. Барса е блокирана во потпишувањето на новиот договор со Меси затоа што нивниот однос на плати и приходи не е во склад со правилата на Ла Лига иако Аргентинецот се согласи на пониска плата. Во клубот тврдат дека ПСЖ во тој контекст стои полошо, особено по трансферите на Донарума, Рамос, Хакими и Вајналдум, а не мора ни да се спомнат платите на Нејмар и Мбапе.
Меси од ПСЖ, наводно, добил понуда во вредност од 25 милиони евра по сезона за следните две години.