Барселона најави „селфи зона“ покрај Саграда Фамилија за да ја избегнат гужвата од туристи

Градскиот совет на Барселона најави дека ќе изгради специјална „селфи зона“ до Саграда Фамилија за да се намали гужвата пред туристичката атракција.
На овој начин посетителите ќе можат да здивнат и да направат селфи пред да влезат во оваа недовршена католичка црква, дизајнирана од архитектот Антони Гауди.
Потребата за „селфи зона“ се појавила поради огромните гужви пред црквата, каде туристите позирале, па дури и излегувале на патот за да добијат подобар агол за нивните фотографии.
Повеќе од една деценија, локалното население ги осудува толпите посетители кои ги попречуваат пешаците и го запираат сообраќајот покрај оваа локација.
Исто така, бројни посетители ги држеа своите телефони на ескалаторот на метрото за да се фотографираат додека во позадина се појавува иконската туристичка атракција. Овој тренд доведе до тоа туристите да ги затвораат излезите од станиците.
„Новиот проект помага да се реши просторот каде што е тешко да се избалансираат туристичките толпи и локалното население“, се вели во соопштението на градскиот совет.
Посебна зона ќе биде лоцирана помеѓу фасадата Христовото раѓање и плоштадот пред црквата. Изградбата на оваа зона треба да започне по летото и да биде завршена до април 2026 година, што се совпаѓа со 100-годишнината од смртта на Гауди.
Проектот од 2,7 милиони евра е дел од поширокиот план од 15,5 милиони евра за подобрување на инфраструктурата и управувањето со посетителите во близина на светото место.
Саграда фамилија привлекува 4,7 милиони посетители годишно и е второто најпосетувано место во Шпанија, по палатата Алхамбра во Гранада.

Пронајдете не на следниве мрежи: