Барселона официјално се договори за трансферот на Карим Адејеми од Борусија Дортмунд, потврди италијанскиот инсајдер Фабрицио Романо.
Романо го потврди трансферот со познатите зборови „Еве, почнуваме“, што значи дека сè што останува е клубовите официјално да го потврдат договорот на своите социјални мрежи.
Барселона постигна договор со Борусија Дортмунд за купување на Адејеми за само 22 милиони евра. Причината за толку ниската цена е тоа што Адејеми влегува во последната година од договорот со Дортмунд и клубот од Германија не сака да го изгуби следното лето бесплатно.
Тие исто така одлучија да ги задоволат сопствените желби на играчот, бидејќи од првиот ден од преодниот рок тој сакаше само да оди во Барселона, иако и Манчестер Сити покажа интерес.
Двата клуба се договориле и за бонус од 7 милиони, кој ќе биде реализиран во случај на освојување на титулата шампион на Шпанија и доволен број настапи во дресот на каталонскиот клуб.
Овој одличен крилен напаѓач, кој постигна 23 гола и има 17 асистенции во својата кариера во Бундеслигата, ќе потпише петгодишен договор со Барселона.
Иако по потекло е од Нигерија, Адејеми долго време го носи дресот на германската репрезентација бидејќи е роден во Минхен.
The post Барселона носи фантастично засилување за „само“ 22 милиони евра appeared first on Во Центар.



