Барселона против Милан со револуционерна тактика

Расположението во Барселона, по двата порази од Реал и загубениот меч од Милан, е далеку од добро, поради што каталонските медиуми најавуваат револуционерна тактика на реваншот со Милан во осмина финалето во Лигата на шампиони.

Свесни дека предноста на Милан од два гола е речиси невозможна мисија, а со оглед на тоа што од Барселона очекуваат дека Милан ќе се определи за дефанзивна тактика, истите извори пренесуваат дека стручниот штаб на Барса размислува за нова револуционерна тактика. Наместо вообичаените тактички варијанти со кои го освоија фудбалскиот свет 4-3-3 и 3-4-3, Барселона во обид играта целосно да ја пресели пред голот на Милан би играла во формација 3-3-4. Тоа значи дека во нападот Барселона би играла со двајца напаѓачи во форот (Меси и Давид Виља) и двајца по страничните позиции (Тељо и Педро). Медиумите во Каталонија пренесуваат дека во оваа формација Чави би останал на клупата, а во редот за врска би играле Бускетс, Фабрегас и Иниеста, додека тројката во одбраната би ја сочинувале Пујол, Пике и Маскерано. Барселона и Милан, возвратниот осмина финален дуел во Лигата на шампиони ќе го одиграат на 12.март на „Ноу Камп“, Милан по првиот меч има предност од 2:0.
Макфакс
Расположението во Барселона, по двата порази од Реал и загубениот меч од Милан, е далеку од до

Пронајдете не на следниве мрежи: