Литиум-јонските батерии сè уште се предмет на постојано истражување, во обид на експертите да ги подобрат перформансите на уредите.
Како дел од овие напори, истражувачите од Универзитетот Далхаузи во Канада открија ново економично решение за продолжување на животниот век на батеријата.
Тие откриле дека лентата од полиетилен терефталат (PET), која ги држи сите компоненти на батеријата заедно, е подложна на растворање поради хемиски реакции во батеријата. Ова не само што го намалува капацитетот на батеријата со текот на времето, туку и резултира со значително губење на енергија кога не се користи.
(PET) со полипропиленска (PP) лента како врзувачки материјал за склопување на ќелии на батеријата.
Резултатите беа импресивни – се покажа дека перформансите на таква батерија биле подобри за 10%, додека празнењето кога батеријата не била во употреба е намалено и до 70%.
Иако ова истражување треба уште еднаш да се потврди, фактот дека PP лентата чини речиси исто како и PET-лентата користена досега, може да донесе вистинска мала „револуција“ во областа на електрониката, пишува веб-страницата Android Headlines.
Потенцијалот за значително продолжување на траењето на батеријата и намалување на само-празнењето, заедно со економичноста, може да ги поттикне големите брендови брзо да ја прифатат PP лентата, а со тоа да го продолжат животниот век на новите уреди.