За проектот за изградба на каналот „Дунав-Морава-Вардар-Егејско море” не е заинтересирана само Кина, туку и другите светски сили, бидејќи во Европа не постои ниту еден друг проект што по значење би можел да го надмине.
Ова во понеделник го изјави српскиот министер за природни ресурси, рударство и просторно планирање Милан Бачевиќ, кој во понеделник со кинеската државна компанија „Чајна Гезбоа Груп” потпиша договор со кој на компанијата ќе и биде доставена документација за пловниот пат „Канал Морава”, а тие потоа, во рок од два месеца, ќе одредат рок кога ќе биде завршена студијата на изводливост на тој проект.
„Студијата ќе покаже за смисолот на проектот, дали воопшто ќе пристапиме кон негова реализација или не”, појасни Бачевиќ.
Тој додаде дека ниту една западноевропска држава нема да биде спречена да разговара со српската влада за овој проект, а нема ни да им биде забрането да учествуваат во него како стратешки партнери или на било кој друг начин.
Makфакс
За проектот за изградба на каналот „Дунав-Морава-Вардар-Егејско море” не е заинтересиран