Вчера се случи едно од најголемите предавства во поновата македонска историја. Странскиот измеќар Зоран Заев и 81 пратеник извршија национално предавство врз македонскиот народ и македонската држава со изгласувањето на уставните измени со кои се брише се што е македонско. Меѓутоа, уште ништо не е готово. На денешната прес конференција го обелоденуваме планот Б.
По ратификацијата на договорот од Преспа и во грчкиот парламент, според договорот Македонија ги известува сите држави – членки на Обединетите нации дека членството го продолжуваме под ново име.
Многу е веројатно дека марионетата Заев како влада прв ќе се истрча во името на државата да ги извести Обединетите нации. Во таков случај, и претседателот Иванов веднаш треба да упати писмо до ООН со кои ќе ги извести дека се работи за невалиден договор, ништовен и според домашното и според меѓународното право бидејќи договорот не е склучен од надлежен орган и нема дозволен предмет, не е почитуван референдумскиот резултат од 30 септември, не е потпишан указот од Иванов, значи сето ова добро ќе се образложи во писмото на Иванов. Во една таква ситуација ќе дојде до меѓународно недоразбирање и според Повелбата на ОН Иванов ќе побара тоа да биде испитано од Советот за безбедност на која седница ќе учествува и Иванов, бидејќи според Повелбата секоја членка на ОН која не е членка на Советот за безбедност, може да учествува без право на глас во расправата кога нејзините интереси се засегнати.
Позицијата на Иванов да се обрати во името на државата е многу посилна од Заев и владата од најмалку две причини: Прво, според домашното право примарна надлежност за вакви меѓународни договори има Иванов, и второ, веќе имаме воспоставена практика, да потсетам, сите преговори за членството на Македонија во ОН и на крај писмото во ОН за членство во 1992 го поднесе претседателот Киро Глигоров а не тогашната влада со Бранко Црвенковски, и оттука, може да се изведе аргументот дека Иванов како претседател има примарно и посилно право да се појави пред Обединетите нации. Се разбира, ова ќе биде новина во историјата на ОН за првпат два органи од иста држава да бидат со спротивни позиции што остава лош впечаток по угледот на една држава бидејќи државите на меѓународен план зборуваат во еден глас.
Но, сега се бориме да не бидеме избришани како македонски народ и треба да преземеме се и по цена и на угледот и достоинството на државата. Сега не би зборувал околу постапката во Советот за безбедност каде многу е извесно дека ќе дојде до блокада по ова прашање, па префрлувањето на прашањето во Меѓународниот суд на правдата и Генералното собрание, оти ќе ми треба многу простор, но, само ќе кажам дека според општото меѓународно право и правото на ОН се на крајот ќе заврши во наша корист. За ова се потребни две претпоставки: храброст од Иванов да го направи ова и Иванов да побара подршка од Русија и Кина а покасно и од државите кои не признаа под уставното име.
Генерално гледано, сега е најбитно да се добие во време, да проблематизира на меѓународен план овој капитулантски договор од Преспа и на крајот ќе дојде успехот. Се разбира финалето ќе дојде со новата легална власт која ќе го поништо договорот од Преспа. Претседателот Иванов мора да го направи ова и на крајот на мандатот да застане на страната на македонскиот народ. Со тоа, Иванов како претседател не губи ништо, а Иванов како личност во македонската историја ќе биде запишна на вистинската страна. За крај, Единствена Македонија го подржува барањето на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори заедно со претседателскте избори.