Бачев тврди дека тројца пратеници се заклучени во Собрание и врз нив се врши притисок

Тројца пратеници се заклучени во Собранието каде што е присутен и локалниот раководител на ЦИА, Дејвид Стивенсон, и врз нив се врши невиден притисок за да гласаат за уставните измени, обвини лидерот на Единствена Македонија, Јанко Бачев.
„Имаме информации дека седницата е одложена бидејќи тројца пратеници не сакаат да ги прифатат барањата на Беса и одбиле да гласаат, сега тие тројца пратеници се заклучени во Собранието, каде што е дојден и Дејвид Стивенсон и врз нив се врши невиден притисок”, изјави пред демонстрантите Јанко Бачев, претседателот на Единствена Македонија.

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев штотуку соопшти важна информација!

Posted by Единствена Македонија on Thursday, January 10, 2019

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.