Бајден и Макрон со заедничко ветување дека ќе продолжат со поддршката за Украина



Пред средбата на двајцата лидери, американската администрација сепак јасно стави до знаење дека САД нема да учествуваат во планот на Макрон за испраќање воени обучувачи во Украина

Претседателите на Франција и САД, Емануел Макрон и Џо Бајден на заедничка прес-конференција изјавија дека поддршката за Украина во борбата против Русија ќе продолжи. Пред нивната средба, американската администрација јасно стави до знаење дека САД нема да учествуваат во планот на Макрон за испраќање воени обучувачи во Украина, откако Макрон синоќа изјави дека разговарал за лидерите на НАТО за испраќање воени обучувачи во Украина и дека неколкумина се согласиле со неговите планови, кои ќе бидат финализирани „во наредните денови“.

Бајден, претходно истакна дека ниту еден американски персонал нема да биде испратен во воената зона, а Белата куќа вчеравечер јасно стави до знаење дека ништо не се променило во тој поглед.

„Размислувајќи за нивниот историски однос и потсетувајќи на цената за мирот и слободата што ја платија минатите генерации во двете земји, претседателите ја потврдуваат својата посветеност на Европа, цела, слободна и во мир“,

се вели во соопштението на Белата куќа.

На средбата се разговарало и за користење на каматите од замрзнатите руски средства за поддршка на Киев. Франција и САД, исто така, имаат за цел сите членки на Г7 да одобрат заем од 50 милијарди долари за Украина.

Американскиот претседател е во Франција од средата, каде што присуствува на одбележувањата по повод 80-годишнината од Денот Д во Нормандија

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: