Бајден најави дека ќе се кандидира за претседателските избори во 2024 година

Американскиот претседател Џо Бајден соопшти дека ќе учествува на следните претседателски избори во 2024 година. Бајден со 78 години е најстариот претседател досега. Тој на почетокот на евентуалниот втор претседателски мандат би имал 82 години.
Бајден на првата своја прес конференција по стапувањето на должноста, на 20 јануари, вчера одговараше на бројни прашања од новинарите, а меѓу нив беше и тоа за потенцијалната кандидатура за следните претседателски избори.
Тој на новинарите им соопшшти дека е подготвен да се кандидира во 2024 година, како и дека се чувствува физички способен за уште еден мандат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.