Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден е негативен на новиот коронавирус, изјави неговата портпаролка Кејт Бедингфилд.
Бајден беше тестиран откако советникот во Белата куќа, Седрик Ричмонд, беше инфициран од Ковид-19, се вели во соопштението.
Ричмонд не беше во близок контакт со Бајден, не на начин дефиниран од Центарот за инфективни болести, рече Кејт Бедингфилд.