БАЈДЕН НЕМА ДА ПАТУВА ВО УКРАИНА

Американскиот претседател Џо Бајден нема да ја посети Украина за време на неговата планирана посета на Европа, потврди Џен Псаки, прес-секретар на Белата куќа.

„Патувањето ќе се фокусира на продолжување на зближувањето на светот како знак на поддршка за украинскиот народ и против инвазијата на рускиот претседател Владимир Путин на Украина, но нема планови за патување во Украина“, напиша Псаки на Твитер.

Да потсетиме, поранешниот украински претседател Петро Порошенко вчера го покани да ја посети Украина.

– Зошто мојот добар пријател, добар пријател на Украина, Џо Бајден, лидерот на глобалниот свет, да не дојде овде следната недела како симбол на солидарноста – рече Порошенко.

Белата куќа претходно соопшти дека Бајден ќе отпатува на состанок на тема НАТО за руската инвазија на Украина. Оваа информација дојде по повикот на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и лидерите на земјите од НАТО да се појават во Брисел со цел да се усогласи одговорот на руската инвазија на Украина.

– Неговата цел е лично, лице в лице, да се сретне со своите европски колеги и да разговара за ситуацијата во конфликтот со Русија – рече Псаки.

Се уште не се знае дали Бајден ќе се обиде да се сретне со Зеленски самиот или да ги посети бегалците во Полска.

Зеленски денеска изјави дека е подготвен за преговори со Путин и предупреди дека ќе избие трета светска војна доколку преговорите со Русија не дадат резултати.

– Мислам дека мора да го искористиме секој формат, секоја шанса да создадеме можност за преговори, можност за разговори со Путин. Но, ако овие обиди не успеат, тоа би значело дека ова е трета светска војна – рече Зеленски

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.