Американскиот претседател Џо Бајден наводно му рекол на својот тим дека нема да се повлече од кампањата и дека е подготвен да се бори за нов мандат.
Според Си-Ен-Ен, повикувајќи се на извори блиски до претседателот, Бајден им признал на своите најблиски соработници дека претходните денови биле „тешки“, но дека нема да се откаже од претседателската трка.
„Јас сум во оваа трка до крај и ќе победиме затоа што, кога демократите се обединуваат, ние секогаш победуваме. Исто како што го победивме Трамп во 2020 година, ќе го победиме и во 2024 година“, изјавил Бајден објави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на свои извори.
Потпретседателката Камала Харис, која ги отфрла повиците да го смени Бајден, му кажала на тимот дека ќе го следи водството на Бајден.
„Нема да се откажеме. Ќе го следиме водството на нашиот претседател. Ќе се бориме и ќе победиме“, рекла Харис.
Извор на Си-Ен-Ен, исто така, тврди дека Бајден му рекол на својот тим дека нема со кого повеќе би сакал да биде во трката од нив.
Изворот наведува и дека семејството го поддржало Бајден во неговата одлука да остане во трката за претседател.