Бајден: Носете маски! Тоа е ваша должност кон татковината!

Американскиот претседател Џо Бајден вчера изрази задоволство од неочекуваното забрзување на динамиката на вакцинација во Соединетите Американски Држави, но ги повика Американците да останат внимателни.
„Војната против COVID-19 е далеку од добиена“, рече тој во Белата куќа по загрижувачките знаци на повторно оживување на пандемијата.
„Носете маски! Тоа е ваша должност кон татковината!“, посочи тој.
„Не е време за прослави. Не се откажувај сега!“, додаде тој, потсетувајќи дека скоро 1.000 Американци умираат секој ден поради пандемијата.
Американскиот претседател исто така вети дека до 19 април 90 проценти од возрасните Американци ќе бидат на ред за вакцинација против COVID-19.
„Успехот што го постигнавме со вакцинацијата е убава американска приказна“, рече тој.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.