Бајден планира да присуствува на погребот на Папата

Поранешниот американски претседател Џо Бајден планира да присуствува на погребот на папата Франциск, изјави неговата портпаролка Кели Скали, цитирана од Ројтерс.

Бајден, кој е католик и се сретнал со папата неколку пати, му го додели на папата Франциск Претседателскиот медал на слободата во јануари.

На погребот на Папата ќе присуствуваат голем број светски лидери, меѓу кои и американскиот претседател Доналд Трамп, Вилијам – принцот од Велс, останати претседатели на држави и Влади, а ќе присуствува и македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова.

Пронајдете не на следниве мрежи: