Бајден: Путин погреши кога мислеше дека НАТО ќе се распадне

НАТО е „посилен, поенергичен и пообединет“ од кога било во својата историја, изјави американскиот претседател Џо Бајден по завршувањето на самитот на Алијансата во Вилнус, пренесе „Скај њуз“.

Американскиот претседател кажа Владимир Путин веројатно „се обложувал дека НАТО ќе се распадне“ кога ја почна својата инвазија врз Украина минатата година.

– Тој мислеше дека демократските лидери ќе бидат слаби… погреши – рече Бајден, за што доби аплауз од публиката.

Американскиот претседател со достоинство и оддаде почит на Украина за одбраната на нејзината територија.

– Народот на Украина остана нескршлив – додаде тој.

Бајден додаде и дека рускиот претседател „сè уште се сомнева во големината на моќта на НАТО и прави лоша пресметка дека западните партнери „ќе се распаднат“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.