Бајден: САД нема да испратат војници да се борат во Украина

Американскиот претседател Џо Бајден беше јасен дека САД нема да испратат војници да се борат во Украина, изјави портпаролката на Советот за национална безбедност Адриен Вотсон.

Таа додаде дека Бајден верува дека „патот до победата“ е преку испраќање воена помош од САД за Украина, која во моментов е блокирана од Конгресот.

Францускиот претседател Емануел Макрон вчера изјави дека распоредувањето на западните трупи во земјата нападната од соседна Русија „не треба да се исклучи“ во иднина.

Изјавата на Макрон денеска предизвика низа коментари, при што голем број западни земји практично ја отфрлија неговата идеја.

„Во ЕУ нема одлука за испраќање војници во Украина“, изјави портпаролот на Европската комисија.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, рече дека Алијансата нема планови да распореди војници во поранешната советска република.

Портпаролката на Советот за национална безбедност на Белата куќа ја даде својата изјава на маргините на средбата меѓу американскиот претседател и лидерите на Конгресот на која се разговараше за финансиски прашања, вклучително и помошта за Украина.

Пронајдете не на следниве мрежи: