Тајното патување на Бајден во Украина е направено со воз од границата со Полска, пишува Њујорк Тајмс и пренесува Би-би-си.
- Работници недостасуваат во градежништво, угостителство и производство
- Едно лице убиено, 10 ранети во напад со огнено оружје и нож во Израел
- INFOMAX.MK
- Галант: Ниту еден авион не е оштетен од иранските ракетни напади
- Се губи трагата на командантот на иранските сили Кудс по пристигнуњето во Бејрут
Посетата на Киев од безбедносни причини остана тајна. Извештаите исто така велат дека Бајден ненајавено го напуштил Вашингтон откако тој и неговата сопруга Џил вечерале во ресторан во саботата вечерта.
Официјални лица негираа дека Бајден ќе ја посети Украина за време на неговото планирано патување во Источна Европа.
Њујорк Тајмс пишува:
„Навистина, Белата куќа во неделата навечер објави јавен распоред за понеделник на кој се прикажува претседателот сè уште е во Вашингтон и заминува за Варшава во вечерните часови, кога всушност веќе беше половина свет подалеку.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.