Гостувајќи на американскиот ТВ-канал Еј-би-си (ABC), Бајден ја исклучи опцијата за испраќање борбени авиони Ф-16 во Украина, и покрај тоа што претседателот на таа земја, Владимир Зеленски, неколкупати упати барање до Западот за овој тип авиони.

Претседателот на САД, Џо Бајден, ја исклучи опцијата за испраќање борбени авиони Ф-16 во Украина, пренесува Анадолу.
- Колку изнесува и каква е поддршката во земјите од регионот за студентскиот оброк?
- Стрелецот ќе ја открие вистината што некој долго време се обидувал да ја скрие
- Поради закани за атентат од Иран: Американскиот министер за финансии итно преселен во воена база
- Лепа Брена призна дека сè уште оди на шопинг во Трст: Сè уште ја имаме таа стара, носталгична навика
- Кети Пери не сака да се сеќава на бракот со Расел Бренд: Мислела дека ја познава личноста со која се омажила
Гостувајќи на американскиот ТВ-канал Еј-би-си (ABC), Бајден ја исклучи опцијата за испраќање борбени авиони Ф-16 во Украина, и покрај тоа што претседателот на таа земја, Владимир Зеленски, неколкупати упати барање до Западот за овој тип авиони.
„Видете, ние му (на претседателот на Украина, Зеленски) испраќаме она што нашата искусна војска смета дека сега му е најпотребно. Нему му се потребни тенкови, потребна му е артилерија, потребна му е противвоздушна одбрана, вклучувајќи уште еден ХИМАРС“, рече Бајден.
Запрашан за потенцијалното испраќање на борбените авиони Ф-16 во Украина, советникот на Белата куќа за национална безбедност, Џејк Саливан, во четвртокот рече дека „Ф-16 не е прашање за краткорочна борба туку за долгорочна одбрана на Украина“.
Бајден оваа недела во Киев се сретна со украинскиот претседател Зеленски. Во текот на посетата на Киев, американскиот претседател најави дополнителна воена помош за Украина.
Пронајдете не на следниве мрежи:

