Бајден ќе му каже на Нетанјаху дека е итно потребен прекин на огнот во Газа

Американскиот претседател Џозеф Бајден планира вечерва да му каже на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека „брзо“ е неопходен прекин на огнот во Газа, соопшти Белата куќа.

-Претседателот ќе му потврди на премиерот Нетанјаху дека верува дека треба да постигнеме (договор) и дека тоа треба да се направи брзо, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби.

Тој додаде дека дојде време за договор по речиси десет месеци војна во Појасот Газа меѓу израелските сили и Хамас.

Пронајдете не на следниве мрежи: