Бајден: Ќе направиме се што можеме за да избегнеме ширење на војната на Блискиот Исток

Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека е загрижен за тензиите на Блискиот Исток и увери дека „ќе направи се што може“ за да избегне проширување на конфликтот.

-Ќе направиме се што можеме за да избегнеме ширење на војната. И ќе продолжиме со нашите напори – рече Бајден од Белата куќа.

Многу официјални лица изразуваат загриженост за можното проширување на конфликтот на Блискиот Исток, по заострувањето на односите меѓу Израел и либанскиот Хезболах.

Либанскиот пратеник Хасан Фадлалах, член на Хезболах, денеска изјави дека војната со Израел влезе во нова фаза, и дека организацијата е подготвена за секое сценарио, војна или конфронтација. На погребот на еден член на екстремистичкиот Хезболах убиен заедно со десетици други, вкупно 45 лица, во израелски воздушен напад во населба во Бејрут, Фадлала рече дека јужниот фронт одиграл клучна улога во притисокот врз Израел да ја запре војната во Газа.

Израелскиот претседател Исак Херцог во неделата го обвини либанскиот Хезболах за ескалација на насилството и рече дека неговата земја не е заинтересирана да биде во војна со Либан.

Пронајдете не на следниве мрежи: