Бањаја триумфира на ГП во Каталуња


Алеиш Еспаргаро и Хорхе Мартин беа во добра позиција да стигнат до победа на Каталуња, но сепак забавата на трибините ја расипа Пеко Бањаја, кој денеска извозе шампионски и покажа дека е сериозен во намерата да го достигне лидерот во генералниот пласман.

Еспаргаро стартуваше како прв и брзо беше престигнат од Бањаја, Акоста и Мартин, а токму оваа тројка беше онаа која ја водеше трката во првата третина.

Мартин беше најагресивен на стартот и успеа да се пробие до првото место, а иако во прв момент изгледаше дека само Акоста може да го следи неговиот ритам, младиот Шпанец направи грешка и излета од стазата.

Мартин без опасност заврши втор и остана лидер во генералниот пласман, но Бањаја сега ја намали разликата под границата 40 и има 39 бода помалку од шпанскиот возач.

Пронајдете не на следниве мрежи: