Не, нужно но ова е сериозна и опасна ескалација, пишува „ББС“ во својата анализа на неодамнешните случувања на Блискиот Исток.
Двете страни, Израел и Хезболах тврдат дека успешно ги завршиле своите мисии денес во раните утрински часови. Израел вели дека распоредил околу 100 борбени авиони за напад на 40 лансирачки места во јужен Либан, уништувајќи „илјадници лансери на ракети на Хезболах насочени кон северен и централен Израел“.
Хезболах тврди дека ја „завршил првата фаза“ од операцијата за одмаздување на смртта на нинвиот висок функционер Фуад Шукри, којшто беше убиен минатиот месец во израелски напад врз Либан. Хезболах кој со месеци ги мапираше и собираше разузнавачки информации околу нивните цели во Израел, тврди дека погодил 11 израелски бази во текот на бранот лансирани ракети „Катјуша“.
Ниту една страна не сака целосна војна, во којашто би можеле да се вклучат САД и Иран, но прашање е дали Израел и Хезболах ќе одлучат дека овие две држави засега имаат направено доволно за нив, а одговорот на ова прашање е веројатно не, пишува „ББС“.
Се водат напори да се постигне договор за прекин на огнот
За Израелците, постојаните прекугранични напади на Хезболах врз Израел се неподносливи, и беа причина за раселување на 60.000 израелци од нивните домови, па поради тоа се бара израелската власт ова прашање да го реши со потиснување на Хезболах северно од реката Литани во Либан.
Меѓутоа и во јужен Либан уште повеќе либански граѓани беа присилени да ги напуштат домовите поради стравувања од израелски напади.
Тековната израелска воена операција во Газа во којашто се убиени повеќе од 40.000 Палестинци, му дава поттик на Хезболах да врши напади на северната граница на Израел. Поради тоа дипломатите, политичарите и разузнавачите толку напорно се обидуваат да постигнат договор за прекин на борбите во Газа, а со нивниот прекин, се смета дека ќе се смират тензиите во целиот регион на Блискиот Исток.