Бебешката пудра има чудотворни моќи: Нема да верувате во кои ситуации ќе ви помогне

Чудотворните моќи на бебешката пудра ќе ве остават без зборови.
Обичната бебешка пудра може да се користи во различни ситуации.
Ослободете се од мравките во домот
Ронките привлекуваат мравки и тие за кратко време можат да ја окупираат секоја просторија. Но дали знаете дека мравките воопшто не сакаат бебешка пудра? Запрашете ги местата каде што ви се собираат мравки со овој магичен производ и ќе видите дека ќе ви се исплати. Мравките ќе исчезнат, а подовите ќе бидат бели.
Спасете ги розите од билните вошки
Ако не сакате да користите пестициди и вештачки раствори за да ги прскате вашите рози, добро е да знаете дека бебешката пудра ги убива билните вошки. Наросете малку пудра по врвовите на грмушките рози и вошките ќе исчезнат. Пробајте!


Заштитете ги рацете
Дали сте знаеле дека ќе ги заштитите рацете ако сипете бебешка пудра во градинарските ракавици или на дршките од алатите? Повеќе нема да имате проблеми со плускавците од напорната работа.
Смирете ги уморните нозе
Ако стапалата ви се уморни и отечени од долго стоење или некој друг напор, откако ќе ги измиете со ладна вода, посипете ги со бебешка пудра. Таа има смирувачко и омекнувачко дејство на вашата кожа.
Заменете го шампонот за суво миење на косата
Ако косата ви е нечиста, а немате можност да ја измиете, наросете на темето малку бебешка пудра и добро расчешлајте ја. Косата ќе ви мириса и ќе изгледа како да е свежо измиена.
Отстранете го непријатниот мирис од обувките
Носењето затворени чевли, патики и чизми, честопати предизвикува непријатен мирис во обувките, поради потење на стапалата. За да се ослободите од него, сипете малку бебешка пудра во обувките и оставете ја да отстои преку ноќ. Пудрата ќе го неутрализира мирисот и ќе ја впие влагата.
Прва помош за убави трепки
Ако сакате трепките да ви изгледаат погусти, сипете малку бебешка пудра пред да нанесете маскара. Ефектот ќе ве воодушеви!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.