Бебешката пудра ќе ви помогне кога најмалку очекувате: Исчистете го накитот, отстранете ги дамките и несаканите миризби!

Коронавирусот ги принуди повеќето луѓе на планетата да останат во своите домови. Некои го користат ова време за конечно да се одморат, некои да ја надоместат дружбата со семејството, а некои да се погрижат за себе и своите домови.
Бебешката пудра ќе ви помогне кога најмалку очекувате: Исчистете го накитот, отстранете ги дамките и несаканите миризби!
За сите оние кои решија да го искористат времето во изолација за да го исчистат својот дом, пронајдовме совети како да ја искористат бебешката пудра за да ја одржат куќата сјајна и чиста.
Бебешката пудра ќе ви помогне во следниве сегменти при чистење на домот:
Отстранување дамки
Ако некоја храна падне на чаршавот, посипете го тој дел со пудра, избришете го со крпа и дамката ќе исчезне.


Враќање на сјајот на вашиот накит
Ако сакате да го исчистите накитот, прво посипете го со бебешка пудра, а потоа истријте го со стара четка за заби. На крајот само избришете го со крпа.
Неутрализација на мирисот во чевлите
Ставете малку бебешка пудра во чевлите и оставете ја да отстои. Мирисот ќе исчезне.
Чистење на дамки од пот
Ставете бебешка пудра на дамките од пот под пазувите на вашата облека и потоа испеглајте ги тие делови со врела пегла.
Одврзување заплеткани јазли
Одврзувањето на заплетканиот јазол ќе биде многу полесно ако врз него нанесете малку бебешка пудра.
При ставање хируршки ракавици или нивно вадење
Ќе биде многу полесно ракавиците да се стават или извадат ако ставите малку бебешка пудра во нив.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.