Бебешка пудра во чевлите против плускавици, кокосово масло за чистење лице – 10 корисни совети за убавина

Секоја жена сака да изгледа најдобро, секогаш. Без разлика дали се работи за излегување во шопинг, дружење со пријатели или тренирање во сала. За жал, поради зафатен и брз живот, скоро никогаш немаме време за себе.
Без грижа, пронајдовме неколку мудри совети за убавина што ќе ви го олеснат животот.
Со нив ќе заштедите време, енергија и пари. Ова се 10 овети за убавина кои ќе ви помогнат да изгледате прекрасно секој ден:
1. Етерични масла од цимет и нане можат да ви ги направат усните полни и светли. Ако не сте алергични на овие состојки, можете едноставно да додадете неколку капки масло во вашиот сјај за усни.


2. Кокосовото и маслиновото масло се одлични за отстранување на водоотпорна шминка.
3. Ако пудрата за лице е премногу густа, можете да ја разредите со навлажнувачки креми за лице.
4. Ако сакате сјаен, свеж тен, нанесете малку хајлајтер на најистакнатите делови на лицето (јаболчниците, брадата, челото). Нанесете хајлајтер над веѓите за визуелно да ги подигнете веѓите и очните капаци.
5. Кога сакате светла, блескава кожа, измешајте една лажица сода бикарбона со гел за миење на лицето или млеко за чистење на лицето. Нанесете ја оваа смеса на лицето, нежно масирајте неколку секунди, а потоа исплакнете со топла вода. Повторете го овој процес 2-3 пати неделно.
6. Ако вашиот омилен лак за нокти се засушил и не можете да го отворите решете го проблемот со топла вода. Ставете го шишето со лак во топла вода неколку минути, а потоа извадете го, протресете го и нанесете го додека е сè уште топло шишенцето.


7. Ако пред спиење на врвовите на косата нанесете класичен крем за нега на кожа, вашата коса ќе биде сјајна и мазна.
8. За да спречите појава на плускавици, кога носите нови чевли, користете пудра во прав.
9. Мозолчињата секогаш се појавуваат кога најмалку ви се потребни. Не паничете! Потопете памук со капки за очи, ставете го во замрзнувач неколку минути, а потоа нежно притиснете го врвот на мозолчето. За 20 минути, крвните садови ќе се стегнат, а црвенилото и воспалението ќе исчезнат.
10. Ако ставите малку вазелин на кожа, пред да го нанесете вашиот омилен парфем, вашиот мирис ќе трае подолго.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.