Бебе феномен, кога се родило ниту лекарите не верувале во тоа што го гледаат!

Семејството Красниќи од Призрен на 7 јануари годинава добило принова, но бебето е родено со заб во долната вилица, што не ги изненадило само родителите туку и лекарите кои го прегледале. По раѓањето бебето добило одлични оцени, а родителите и дале име Амела.
– Породувањето беше нормално, без никакви компликации. Ова, најверојатно, е единствено бебе со заб кое е родено во Призрен. Го однесовме на стоматолог за да ја прегледа – раскажува татко и на Амела, Ариф Красниќи и додава дека за тринаесет дена откако ќерка му се родила забележал дека забот и пораснал.
Стоматологот рекол дека би трабало забот да се извади, затоа што постои опасност бебето да се повреди додека си игра.
Таткото Ариф им дозволил на медиумите да објават фотографии на неговата ќерка на кои се гледа забот.

Пронајдете не на следниве мрежи: