„Неколкупати ме изневеруваше и не бев со него откако се породив. Вели дека раѓањето на нашата ќерка го уништило моето тело. Дури и се согласивме дека не би останале заедно ако не останев бремена“, ја почнува својата исповед очајната девојка.
Советничката Деидре Сандерс често се соочува со тешки семејни проблеми и нарушени односи. Овој пат ѝ се обратила 20-годишна девојка која станала мајка пред 18 месеци.
„Растргната сум. Ја запознав својата прва љубов на 15 години. Се забавувавме 2 години, а потоа тој запозна друга девојка и ме остави. Неколку месеци подоцна го запознав мојот сегашен партнер, па многу брзо почнавме заедно да живееме. Нашето девојче го добивме пред 18 месеци и тоа е најдобрата работа која ми се случила.“
Нејзината врска, како што вели, на почетокот била на ‘стаклени нозе’, па воопшто не му верува на партнерот.
Аферата која променила сè
Пред неколку недели излажала дека оди на викенд кај една пријателка, додека ќерка ѝ била кај баба ѝ и дедо ѝ.
„Имав неверојатен викенд со своето прво момче, имавме секс и беше неверојатно. Беше прекрасен и внимателен, па сфатив дека моите чувства кон него никогаш не престанале. Ми рече дека знае дека врската со мене ја вклучува и мојата ќерка и дека разбира дека ми треба време“, раскажала таа.
Сепак, се плаши дека раскинувањето со таткото на детето може да му наштети на малото девојче.
Деидре ѝ рекла дека на детето првично му е потребно дом полн со љубов.
„Можеш да си добар родител и ако си разведен, доколку двајцата родители активно учествуваат во животот на детето. Немој да дозволиш оваа ситуација да трае предолго. Подобро е да раскинете и заеднички да продолжите да се грижите за детето. Твојот сегашен партнер и понатаму ќе биде татко на твоето дете“, заклучила Деидре и наведува дека треба задолжително да биде малку слободна и да одвои време за себе, пред да влезе во нова врска, особено со човек кој веќе ја изневерил.