„Бев подготвен лицето да си го потопам во киселина за да ги снема тетоважите“ – денес е како нов човек

Брион Виднер себеси во минатото се опишува како „маргинален социопат“. Бил полн со омраза и желба за насилство, но неговиот син променил се.
Станал скинхед (бунтовничка младинска подкултура) на 14 години и наредните 16 ги поминал во расистички организации во Индијана, Америка.

Своевремено имал и надимак „црвениот вик“ поради агресивните испади.
Откако станал соосновач на „Vinlanders Social Club” кој пропагирал нецистички идеи го следела многу лоша репутација во матичната земја.

Се почнало да се менува кога се оженил со Џули Ларсен во 2005 година и кога после една година брак добиле син. Родителската одговорност и желбата да го воспитува правилно детето целосно го промениле. Ја напуштил навистичката и расистичка идеологија. Му биле потребни неколку години зад себе да го остави грдото минато, затоа што поради промените бил на мета на членовите на клубот кој го основал.
Брион со промената на животот одлучил да го промени и изгледот. Со оглед на тоа дека лицето целосно му било прекриено со тетоважи кои биле преполни со нацистички симболи сакал да исчезнат од неговото лице.
„Бев подготвен своето лице да го потопат во киселина“, рекол во интервју кое го дал за „Associated Press”.

Не морал да става киселина на лицето затоа што пронашол пластичен хирург кој со помош на зафати кои чинеле 35.000 долари ги отстранил сите траги од минатото.
Брион поради својата промена станал инспиративен за филмската индустрија која му го посветила филмот „Skin” (Кожа).
Брион сега живее среќно, без тетоважи, без омраза со сопругата и синот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.