Безбедноста на прво место: Наоми Кемпбел од глава до пети се штити од коронавирусот

Славната манекенка многу води сметка за својата хигиена, а овие денови на хигиената е посветена уште повеќе.
Славната манекенка Наоми Кемпбел сака да патува, често објавува фотографии и видео-снимки во кои се гледа колку внимава на својата хигиена, а сега открила детални методи како планира да се заштити од коронавирусот.
Убавата Британка објавила фотографија на која е непрепознатлива, бидејќи облекла бело заштитно одело, а на себе има очила, сина маска преку лицето и розови хируршки ракавици.
На аеродромот на кој позирала никој не ја препознал.

 

View this post on Instagram

 

Safety First NEXT LEVEL. Thank you @lindaevangelista Full video coming on my YouTube soon…

A post shared by Naomi Campbell (@naomi) on


“Безбедноста е на прво место на неколку нивоа. Целото видео ќе го објавам на својот YouTube канал набрзо”, напишала една од најславните манекенки на својот профил на Инстаграм.
Уследиле и коментари од нејзините фанови.

 

View this post on Instagram

 

Safety first.

A post shared by Naomi Campbell (@naomi) on


“Браво, памет пред се”, “Да не тргна на Марс?”, “Познато е дека пати од микрофобија, така што ова не ме изненадува”, се само некои од бројните коментари на нејзиниот профил на Инстаграм.
Супермоделот често со фановите на социјалните мрежи споделува методи за хигиенска заштита, бидејќи, како што вели, здравјето и е најважно.
Истакнала дека сака да патува и дека од тоа нема да се откаже, но секогаш внимава нејзиното здравје да е сигурно и на тоа ги советува и другите фреквентни патници.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.