Безглутенска каша од кокос со чоколадо и ф’стаци

Безглутенската храна е сè популарна во последно време, дел поради зголемената бројка на луѓе кои се алергични на глутен, а дел поради мислењето дека со безглутенската храна полесно се доаѓа до совршена линија.
Во која и група да спаѓате, за вас денеска имаме лесен и брз рецепт за подготовка на една безглутенска каша од кокос со чоколадо и ф’стаци.


Состојки:
– 100 мл. млеко;
– 30 мл. хопла;
– 1 јајце;
– 1 голема банана;
– 2 големи лажици кокосово брашно;
– растопена темно чоколадо;
– ф’стаци.
Постапка:
Изблендирајте банана со малку млеко, за да може да добиете хомогена смеса. Истурете го остатокот од млекото и хоплата во садот и загрејте ја смесата на тивок оган. Со постојано мешање, додадете го кокосовото брашно. Кога кокосот потполно ќе се растопи со млекото, додадете ја смесата од банани и продолжете да мешате. На крајот, додадете едно јајце во смесата и мешајте на тивок оган неколку минути, додека смесата не се згусне како каша. Сервирајте во тањирчиња и прелијте со растопената чоколада и ф’стаците.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.